Најплатените фудбалери во светот: Роналдо убедливо на врвот

Популарниот „Форбс“ објави нова листа на најплатените фудбалери во светот вклучувајќи ги сите примања кои ги имаат во светот на фудбалот, но и оние надвор од теренот.

На листата и нема преголемо изненандувања на врвот е Кристијано Роналдо кој годишна заработка од 263 милиони евра. Португалецот како член на Ал Наср е убедливо на врвот, но исто така тој има и сопствени бизниси од кои заработува големи суми.

Зад него но „само“ со 124 милиони евра е неговиот „вечен ривал“ Лионел Меси кој го носи дресот на Интер Мајами од МЛС лигата. Меси е најплатен фудбалер во американското првенство, а има и богати договори со компании како „Адидас“ и „Конами“.

Првата тројка ја затвора Нејмар со 101 милион евра во редовите на Ал Хилал. Бразилецот и покрај тоа што долго време не игра поради повреда заработува одлично, како од теренот, така и од спонзорските договори со разни брендови.

Во продолжение на листата се: Карим Бензема (96 милиони евра), Килијан Мбапе (83 милиони евра), Ерлинг Халанд (55 милиони евра), Винисиус Жуниор (50 милиони евра), Мохамед Салах (48 милиони евра), Садио Мане (47 милиони евра) и Кевин Де Брујн (36 милиони евра).