Хрват ќе му биде партнер на Влаховиќ во нападот на Јувентус?

Медиумите во Шпанија најавуваат дека Душан Влаховиќ во нападот на Јувентус би можел да добие нов партнер и тоа Хрват.

Наводно 33-годишниот Анте Будимир од редовите на Осасуна е на радарот на италијанскиот гигант како опција за засилување на напаѓачката линија во јануари.

Будимир во редовите на Осасуна пристигна во 2020 година и одигра 146 натпревари во кои постигна 51 гол и запиша шест асистенции. Во добра форма ја започна и актуелната сезона во која има четири погодоци во девет настапи.

Зад себе Будимир има искуство во Италија каде што го носеше дресот на Кротоне и Сампдорија, а играше уште за: Интер Запрешиќ, Мајорка, Локомотива и Сент Паули.