„Марка“ го прогласи Меси за најдобар фудбалер во историјата (ВИДЕО)

Шпанскиот магазин „Марка“ денеска го прогласи аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.

Признанието на Меси му беше предадено од директорот на „Марка“, Хуан Игнасио Гаљардо во присуство на сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас.

„Моја цел не е да стигнам до Мундијалот во 2026 година, туку да живеам ден за ден и да бидам во добра форма“, кажа Меси.

Аргентинецот е рекордер по бројот на освоени пехари во историјата на фудбалот со 46, а има и осум „Златни топки“.