Динамо немаше сила за сензација против ПСЖ, Спортинг го надигра Фуксе Берлин

Вечерва беа одиграни три натпревари во ракометната Лига на шампиони (ЛШ) од 20.45 часот, при што до триумфи стигнаа ПСЖ против Динамо Букурешт (35-32) и Спортинг Лисабон против Фуксе Берлин со 35-33.

Динамо Букурешт одигра одлично прво полувреме во Париз и замина на паузата со 19-16, со што најави можност за сензација, меѓутоа парижаните се разбудија во вторите 30 минути.

Екипата од Букурешт долго време се држеше и го чуваше водството, меѓутоа ПСЖ во завршницата го скрши отпорот на гостите и славеше со 35-32.

Елохим Пранди беше најефикасен со девет голови, додека Камил Шипжак постигна осум погодоци.

Неверојатен меч одиграа Спортинг Лисабон и Фуксе Берлин, кои им понудија на љубителите на ракометот вистинско уживање. Посебно интересно беше во финишот од средбата, кога бундеслигашот имаше шанса да избегне пораз, но прокоцка шанса во последните секунди, а потоа стигна казната од Португалците.

Коста и Торкелсон постигнаа по осум голови за Спортинг, додека Лихтлајн запиша осум погодоци за Фуксе Берлин.