Пелистер им се врати на поразите во ЛШ - Висла лесно со битолчани!

Ракометарите на Пелистер го запишаа четвртиот пораз во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона, откако беа поразени на гостувањето кај Висла Плоцк со 18-26.

Битолчани беа очајни во нападот на стартот на првото полувреме и тоа го искористи Висла Плоцк за водство од 9-2. Пелистер почна да се буди во завршницата и намали на само два гола негатива (11-13) пред паузат.

Висла Плоцка повторно го диктираше темпото во вториот дел и создаде предност од шест гола (20-14), по што водството го одржуваше до крајот на средбата за прв триумф во ЛШ.

Пелистер со овој пораз падна на седмата позиција во групата А со еден бод, додека Висла Плоцк скокна до шестото место и има два бода.