Алкараз го уништи Надал и закажа финале со Синер во Ријад

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз славеше против ветеранот Рафаел Надал со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3 за пласман во финале на турнирот во Ријад наречен „Шесте кралеви“.

Алкараз го почна мечот со брејк на противнички сервис (1-0), а Надал го загуби уште еднаш својот сервис до крајот на првиот сет (6-3).

Надал не создаде ниту една брејк шанса во вториот сет, додека Алкараз му го одзема сервисот во четвртиот гем (3-1), по што сервираше без проблеми за триумф од 6-3.

Алкараз во финале ќе се бори против Јаник Синер, кој претходно беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.