Лапорта призна: Одбивме 250 милиони евра за Јамал!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека каталонскиот гигант добил понуда од 250 милиони евра за талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал.

Лапорта призна дека добил понуда од 250 милиони евра за услугите на Јамал, но клубот решил да ја одбие.

„Добивме понуда од 250 милиони евра за Јамал и ја одбивме“, кажа Лапорта.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека за услугите на Јамал бил заинтересиран францускиот гигант ПСЖ.