Ѓоковиќ по епска битка загуби од Синер во Саудиска Арабија

Ѓоковиќ имаше проблеми на самиот почеток и му дозволи на Синер да направи брејк во вториот гем (0-2), по што Италијанецот уште еднаш му го одзема сервисот на ривалот за да слави со 6-2.

Србинот го возврати ударот во вториот сет и поведе со 2-0, но потоа Синер се врати во игра (2-2). Следеше возбудлива игра во продолжение, при што победникот се решаваше во тај-брејк каде што Ѓоковиќ беше подобар со 7-0.

Во третиот сет беа забележани голем број брејкови на двете страни, но Синер направи еден повеќе и со тоа стигна до триумф од 6-4.

Синер во финалето ќе игра против победникот од мечот меѓу Рафаел Надал и Карлос Алкараз.