Шок за Димитријевиќ и другарите: Милано водеше со +27, па загуби од Жалгирис!
Милано имаше сигурен старт и ја доби првата четвртина со 24-17, додека до полувреме предноста се зголеми на 49-31.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговите колеги стигнаа и до +27 (60-33), но проблемите почнаа во завршницата на третата четвртина, кога Жалгирис почна да ја топи разликата.
Жалгирис одигра неверојатно во последните 10 минути од средбата и успеа да стигне до целосен пресврт (82-85).
Македонскиот кошаркар го заврши мечот со 11 поени, два скокови и четири асистенции.