Најбогатиот европеец и „Ред Бул“ купија клуб - Франција добива нов гигант!

Сегашниот второлигаш Париз би можел во наредните години да игра голема улога во францускиот фудбал бидејќи добива силна сопственичка структура.

Во клубот влегува францускиот милијардер Бернар Арно кој е сопственик на познатата компанија „Луј Витон“. Но, Арно нема да биде сам и ќе има поддршка од „Ред Бул“.

Според најавите на Арно ќе припаднат 55% од акциите, додека „Ред Бул“ ќе откупи 15%, преостанатите 30% ќе останат во сопственост на сегашниот сопственик Пјер Ферачи.

Исто така во договорот пости клазула според која Ферачи е обврзан во 2027 година да ги продаде и тие 30%.

Со ваков капитал се очекува амбициите на Париз да бидат многу поголеми, а прв чекор ќе биде место во елитата. Желбата ќе биде да се избори прволигашки статус уште оваа сезона, меѓутоа треба да се види какви засилувања можат да се доведат во јануарскиот преоден рок.

Во овој момент тимот е на добар пат бидејќи е лидер на табелата со 18 бода, два повеќе од второпласираниот Лориент.