Медведев им зема 1,5 милиони долари на Саудијците, па го откажа настапот во Виена

Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од турнирот во Виена поради повреда на рамото, а тоа го потврдија организаторите.

Медведев во средата во Ријад загуби од Јаник Синер со 0-6 и 3-6, но и покрај тоа си заработи 1,5 милиони долари.

Русинот требаше да настапи на турнирот кој почнува на 21 октомври, но реши да одмори во следниот период.