Алушовски: Го вративме Охрид во Европа по седум години

Екипата на Охрид е пред првиот европскио предизвик во рамките од ЕХФ Купот каде што ќе ја пречекаат екипата на Потаиса Турда.

Пред натпреварот на прес-конференција за своите очекувања зборуваше тренерот Стевче Алушовски.

„По ждрепката кажавме дека немавме среќа, но секако ова е награда за добрата работа во изминатата година. По седум години успеавме да го вратиме Охрид на европската ракометна мапа. Турда е екипа која е навистина квалитета и една од најдобрите во романскиот шампионат. Имаат одлични романски репрезентативци и квалитетни интернацвионалци. Анализиравме видеа и добро се подготвуваме, ова е натпревар со две полувремиња, првото е тука во Охрид и ги повикувам навивачите да не поддржат во што поголем број. Се надеваме дека по второто полувреме ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат“, изјави Алушовски.

Натпреварот помеѓу Охрид и Турда се игра в сабота од 19:00 часот.