Олимписките игри уште не се официјално отворени, а веќе падна првиот светски рекорд

Јужнокорејката Лим Сихјон е прва натпреварувачка на Олимписките игри во Париз која собори светски рекорд.

Таа учествува во стреличарство, а денеска освои 694 поени што не е забележано во историјата на најголемата светска спортска манифестација. Нејзиниот резултат, сепак, не е големо изненадување ако се знае дека е најдобар стреличарка во светот.

Претходните рекорди, светски и олимписки, во истата дисциплина ги држеа нејзините сонароднички Канг Чаејунг и Ан Сан.