Алкалоид ги промовира новите засилувања - тројца Македонци и еден Португалец

Ракометниот суперлигаш Алкалоид денеска ги почна подготовките за новата сезона, а воедно промовира и четири засилувања кои треба да помогнат во остварување на подобри резултати.

Алкалоид се засили со тројца македонски ракометари, а тоа се Марко Кизиќ, Никола Костески и Михаил Ивановски, додека четввртото ззасилување е Оливеира да Силва од Португалија.

Костески доаѓа од Чешка каде што претходно играше за Плзен, додека Кизиќ пристигна од редовите на Пелистер, а Ивановски е млад ракометар кој доаѓа од Мулти Есенс.

Да Силва претходно во Португалија играше за Брага и Виториа, додека го носеше и дресот на шпанска Гвадалахара и унгарски Егер.