Го прогласија за играч на натпреварот, а тој порача: Подобро да примев пет гола!

Голманот на Србија, Предраг Рајковиќ беше прогласен за играч на мечот по натпреварот помеѓу Србија и Данска по кој Србите беа елиминирани и завршија како последни во групата.

Сепак српскиот голман не беше премногу среќен со индивидуалното признание.

„Немам ништо од тоа, подобро да примев пет гола. Таков е фудбалот. Мораме да продолжиме понатаму. Жал ми е за навивачите кои дојдоа о голем број, мислам дека покажавме како се бори за Србија. Навистина многу жалиме, имаме феноменална група, вредно работевме. Мислам дека заслуживме да поминеме во групата, но ете не успеавме“, изјави Рајковиќ.

За Србија ова е само уште едно разочарување, по Мундијалот во Катар каде што исто така беа елиминирани по групната фаза.