Кошаркарите до 20 години подобри од Словачка во првата контролка

Koшаркарската репрезентација на Македонија до 20 години денеска запиша победа на контролката против Словачка со резултат 60:53.

Победата на Македонија беше најавена уште на стартот бидејќи по осум минути игра нашите кошаркари имаа водство од 19:9. Првата четвртина ја завршивме со шест разлика во наша корист (20:14).

Слична беше играта и во следниот период, па на пауза резултатот гласеше 30:23. До крајот на натпреварот Македонија успешно го контролираше водството и обезбеди триумф во првата контролка во рамките од подготовките за Европското првенство во Гдиња.

Јовановиќ со 20 поени беше најефикасниот во нашите редови, додека Стојаноски уфрли уште 12. Македонија и Словачка ќе одиграат уште еден натпревар и тоа в недела од 13:00 часот.