
Флик потврди: Решена најголемата дилема во Барселона
Барселона имаше опција повторно да го регистрира Германецот во Лигата на шампионите, но во тој случај Флик ќе мораше да се откаже од Шчесни кој беше регистриран подоцна во сезоната како негова замена поради повреда.
Сепак, германскиот стратег не сакаше ништо да менува и утре на голот ќе биде полскиот чувар на мрежата.
„Шчесни ќе биде наш голман во Лигата на шампионите и тоа е моја конечна одлука. Тер Штеген ќе биде во ротација во Ла Лига и ќе добие минути, можеби веќе против Ваљадолид“, изјави Флик.
Барселона утре во првиот натпревар од полуфиналето од 21:00 часот го пречекува Интер, додека реваншот е закажан за на 6 мај во истиот термин на „Џузепе Меаца“.