
Jaмал за хаосот во Шпанија: Не знаев што да правам, сите бевме вознемирени
Новинарите го прашаа Јамал како се чувствувал во денот без електрична енергија и фудбалерот не криеше дека бил вознемирен.
„Искрено, вчера не знаев што да правам. Дојдов тука и го поминав цел ден во тренинг центарот, се сретнав со некоои соиграчи. Мислам дека оваа ситуација сите не вознемирии, но јасно беше дека сите размислуваме само на полуфиналето“, изјави Јамал.
Денескa изминуваат точно две години од неговото деби и во нив оствари огромен успех, но не сака да биде споредуван со никого, а како што вели најмалку со Меси.
„Не се споредувам со никого и не сакам тоа да го правам, а најмалку со Меси. Размислувам само како секој ден да бидам се подобар и тоа е најважната работа. Се трудам да уживам на теренот и да го следам својот пат“, истакна шпанскиот фудбалер.
Натпреварот помеѓу Барселона и Интер се игра утре во терминот од 21:00 часот.
Фото: FC Barcelona/X