Испиша историја во само две години: На денешен ден светот го запозна Ламин Јамал (ВИДЕО)

На денешен ден пред точно две години, 29 април 2023 година, фудбалскиот свет го забележа дебито на едно ново „чудо од дете“ - Ламин Јамал! .

Чави Ернандез кој тогаш ја водеше Барселона му даде шанса во 83. минута и Јамал за првпат истрча на теренот во Ла Лига кога Барселона веќе ја обезбеди победата и водеше со 4-0 против Бетис.

Многу брзо Јамал покажа дека се издвојува од неговите врсници и дека има квалитет и потенцијал да биде еден од најдобрите во светот.

Од тогаш до денес, 29 април 2025 година, младиот Шпанец со потекло од Гвинеја веќе има одиграно 99 натпревари во дресот на Барселона, постигнувајќи 21 гол и асистирајќи 33 пати. Со клубот веќе ги освои шпанскиот Суперкуп и Купот на кралот, но тоа е само дел од приказната.

Јамал стана и стандардeн член на шпанската репрезентација, со која го освои Европското првенство, беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот, и се најде во идеалниот тим според УЕФА. Истата година, доби место и во идеалниот тим на ФИФА.

И не треба да се заборави дека сето ова го направи пред да наполни 18 години.

Фото: Barcelona F.C/X