
ПСЖ вечерва игра против традицијата - никогаш не го победиле Арсенал!
Двата тима досега никогаш не ја освоиле највредната европска титула, па победникот од овој двомеч ќе добие шанса да испише нова страница во клупската историја.
Како што се приближува крајот на најпрестижното европско клупско натпреварување, натпреварите добиваат сѐ поголема тежина и драматичност. Во финалето, подобриот од овој пар ќе се соочи со победникот од пресметката Барселона – Интер.
Историјата е на страната на Арсенал, во последните 20 години, овие два тима се сретнале пет пати, при што лондонскиот клуб има три победи, а два натпревари завршиле нерешено. Последната средба беше во лигашкиот дел од од оваа сезона, кога Арсенал славеше со 2-0 на домашен терен, благодарение на головите на Хаверц и Сака.
Дополнителен интерес предизвикува една необична традиција која повторно се споменува во јавноста. Секогаш кога ќе почине папа, англиски клуб се радувал на трофејот во Лигата на шампионите.
Сè започна во 1978 година по смртта на папата Павле Први, кога Нотингем форест ја освои титулата во Купот на шампионите. Во 2005 година, Ливерпул направи историски пресврт против Милан во Истанбул, само неколку недели по смртта на папата Јован Павле Втори. Во 2022 година, по смртта на папата Бенедикт XVI, Манчестер сити го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите победувајќи го Интер.
Сега, по веста за смртта на папата Франциско на 21 април, Арсенал останува единствениот англиски претставник во елитното натпреварување – и, можеби, следниот во низата наследници на оваа мистична традиција.