Работнички вторпат на колена: Јанта Волеј на чекор до титулата

Одбојкарките на Јанта Волеј триумфираа во вториот меч против Работнички (3-1 во сетови) во финалето на домашното првенство..

Работнички го доби првиот сет по голема борба со 27-25, меѓутоа Јанта Волеј се разигра во продолжение и ги доби следните три сета со по 25-13, 25-17 и 25-18.

Најдобра одбојкарка кај Јанта Волеј беше Мери Бошковска која постигна 23 поени, додека Стакхаус запиша 11 поени за Работнички.

Третиот меч од финалната серија во шампионатот меѓу Работнички и Јанта Волеј е закажан за петок од 19.30 часот.