Дембеле го „отвори“ Арсенал по само три минути игра (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ мошне рано дојде до предност на гостувањето кај Арсенал, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Стрелец на голот за 1-0 за парискиот тим е Усман Дембеле кој на почетокот од четвртата минута со крајно прецизен удар го круниса додавањето на Кварацкелија.

 

 

Тоа беше прв удар кон голот на една од екипите, а на стартот од мечот ПСЖ е тој што го диктира темпото и ја има иницијативата.