Артета и Енрике ги избраа фудбалерите за спектаклот на „Емирати“ (ФОТО)

Арсенал вечерва ќе го пречека ПСЖ на „Емирати“ во првиот полуфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерите Микел Артета и Луис Енрике ги избраа составите.

Артета ќе го почне мечот со Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Рајс, Мерино, Одегард, Сака, Мартинели и Тросар.

Енрике ги избра Донарума, Хакими, Маркињос, Пако, Мендеш, Невес, Витиња, Фабијан, Дуе, Дембеле и Кварацхелија.