Aлкалоид му дозволи само 12 гола на Мулти Есенс

Иако играа со комбиниран состав ракометарите на Алкалоид славеа убедливо победа проив Мулти Есенс од 37-12 во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Избраниците на Лазаров од самиот почеток беа сигурно и лесно го надиграа противникот кој се натпреварува во втората лига.

Натпреварот беше отворен со 6-0, па така Мулти Есенс во ниту еден момент не можеше да се надева на позитивен резултат. На паузатаа водството на Алкалоид изнесуваше 18-7.

Во вториот дел ништо не се промени и предноста растеше од минута во минута.

Давис Савревски со десет гола беше најефикасен, а на спроттивната страна речиси половина од головите на својот тим постигна Јован Петрески кој стрелаше пет пати.

За место на фајнл-фор турнирот Алкалоид ќе игра против подобриот од средбата помеѓу Пролет и Партизан.