Реал Мадрид ќе го испрати Анчелоти со стил - ќе му исплати 11 милиони евра!

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти на крајот на сезоната се очекува да го преземе кормилото на Бразил и да го напушти Реал Мадрид по лошите резултати со шпанскиот гигант.

Управата на „кралевите“ одлучи во знак на благодарност да му ја исплати и последната година од договорот на Анчелоти, односно 11 милиони евра.

Анчелоти го предводеше гигантот до многу успеси во изминатите години, односно освои 11 пехари.