Клоп му честиташе на Слот: Ливерпул има светла иднина!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп испрати честитка до неговиот наследник на кормилото на премиерлигашот, Арне Слот кој ја освои титулата во англиската елита.

Клоп смета дека пред „црвените“ се уште подобри времиња, односно очекува да доминираат и да освојат многу титули во следниот период.

„Благодарен сум за сè во минатото, поради сегашноста и позитивен кога станува збор за иднината. Ливерпул има светла иднина“, кажа Клоп.

Германецот го напушти премиерлигашот пред една година, а Слот успеа да ја освои титулата во Англија во својата прва сезона во тимот.