Марсеј ќе бара нов тренер, Де Зерби заминува

Италијанецот Роберто Де Зерби како што стојат работите сигурно ќе го напушти клубот, дури и ако Марсеј обезбеди место во Лигата на шампионите.

Реномираниот „Л’Екип“ пренесува дека Италијанецот добил богата понуда од саудиски клуб и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во оваа земја. Во Марсеј Де Зерби пристигна минатото лето и во овој момент тимот со него е второпласиран со добри шанси да се избори за место во најелитното европско натпреварување следната сезона.

Низ кариерата претходно Де Зерби ги предводеше екипите на: Брајтон, Шахтјор, Сасуоло, Беневенто, Палермо и Фоџа.

Фото: Olympique de Marseille/X