
Алкалоид клучната битка за историска евро-титула ќе ја бие на – домашен терен!
„Фармацевтите“ со брилијантните игри сезонава стигнаа до финалето на Европскиот куп, каде што ќе ги одмерат силите со атински АЕК. Првиот меч ќе се одигра на 17/18 мај во Атина, додека реваншот е седум дека подоцна во Скопје.
Ова е огромна шанса за момците на Кирил Лазаров да дојдат до вториот европски трофеј во машка конкуренција во историјата на македонскиот ракомет, со оглед што ќе имаат поддршка од трибините во клучните 60 минути од двомечот со противникот од Грција.