Фелипе ќе дебитира за Шкендија, ако тетовци имаат убедливо водство

Големото засилување на тетовска Шкендија, Бразилецот Фелипе, доскорешниот фудбалер на Вардар утре од клупата за резерви ќе го чека своето деби во црвено-црниот дрес и шанса ќе добие само ако тетовци имаат убедливо водство против естонски Номе Калју во реваншот од првото коло во квалификациите за ЛШ.

Фелипе во Шкендија потпиша пред десет дена, а од саботата почна со тренинзи, но е тотално неподготвен и сега ќе мора да ги стигне соиграчите во физичката подготовка пред да почне да конкурира за првиот тим. Бразилецот, кој остави силен белег во Вардар е доведен за да го засили средниот ред и да го подигне квалитетот, пред се во креацијата.

„Фелипе е во комбинација за овој меч, но дали ќе (за)игра ќе зависи од резултатот кој ќе биде на мечот. Фелипе дојде пред неколку дена и физички не е подготвен. Сѐ ќе зависи од резултатот утре“, најави тренерот Ќатип Османи.