Де Роси ја продолжи соработката со Рома

Eкипата на Рома објави продолжување на соработката со тренерот Даниеле Де Роси.

На клупата на Рома, Де Роси пристигна во јануари како замена за Жозе Мурињо и со добрите резултати успеа да го убеди раководството за продолжување на соработката.

Де Роси со Рома играше полуфинале во Лигата на Европа каде што беа елиминирани од Леверкузен, додека во Серија А завршија на шестата позиција.