Ц. Звезда и пред 45 години на ист ден му одржа лекција на Ливерпул!

Црвена Звезда денеска направи вистинска сензација откако го победи Ливерпул со 2-0 на „Маракана“ во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а оваа победа потсети на таа во далечната 1973 година кога српската екипа беше подобра со 2-1 во Купот на шампионите.

Милан Павков беше вистински херој откако постигна два гола за домаќините, а посебно вториот беше неверојатен и ги испрати „црвените“ со наведнати глави во Англија.

Интересен податок е тоа што Ц. Звезда триумфираше во 1973. година токму на шести ноември, а денеска по 45 години токму на истиот датум го повтори големиот успех и го декласираше Ливерпул.