Црвена Звезда денеска направи вистинска сензација на „Маракана“, откако го победи Ливерпул со 2-0 во рамки на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и ја остави цела Европа во неверица.

Големиот Ливерпул, кој минатата година стигна до финалето во ЛШ денеска беше декласиран од српската екипа. На Црвена Звезда ѝ беа потребни 22 минути за да ја урне одбраната на гостите и да го постигне првиот гол и тоа од корнер. Марко Марин испрати одличен центаршут, а Милан Павков ја смести топката во мрежата на гостинскиот гол.

Само седум минути подоцна Павков повторно го „нокаутираше“ Ливерпул, откако со неверојатен проектил го погоди голот на Алисон Бекер за водство од 2-0.

Во вториот дел, Србите повторно тргнаа офанзивно, а судијата не досуди очигледен пенал за нив, па ги оштети домаќините.

Во продолжение од средбата „црвените“ се мачеа да стигнат до погодок, па се обидуваа многупати, но не успеаа во своите намери.

Со оваа победа, Црвена Звезда има четири освоени бодови, односно два помалку од лидерот Ливерпул, па има добра шанса да избори и пласман во нокаут-фазата.

Од друга страна, Монако денеска се посрамоти пред својата публика, откако беше „нокаутиран“ со 0-4 од Клуб Бриж.