Баерн постави негативен рекорд во ЛШ!

Германските тимови низ историјата беа познати по својата цврстина, но актуелниот шампион не може да се пофали со тој епитет.

Баерн Минхен во Мадрид прими гол во 11. минута и така прими гол на 14. натпревари по ред на гостувањата во Лигата на шампиони.

На Баварците никогаш не им се случило такво нешто, но кога ќе земете во предвид дека Баерн ја игра сезоната без Мануел Ноер и дека одбраната не беше комплетна, тогаш ниту редовното примање на голови во гости, не треба да не чуди.

Баерн по ред примаше по барем еден гол на гостувањата кај Реал Мадрид, Севилја (1-2), Бешикташ (1-3), Андерлехт (1-2), Селтик (1-2), ПСЖ (3-0), Реал Мадрид (4-2), Арсенал (1-5), Ростов (3-2), ПСВ (1-2), Атлетико Мадрид (1-0 и 1-0), Бенфика (2-2) и Јувентус (2-2).

Последен пат Баварците ја зачувале својата мрежа на гостувањто во Лигата на шампиони на деветти декември 2015. година во Загреб.