Трет Мексиканец влезе во легендите со петто Светско во кариерата!

Вкупно во историјата на Мундијалите само шест фудбалери успеале да играат на пет Светски првенства, а последен од вечерва е Мексиканецот, Андрес Гвардадо.

Од шесте фудбалери со по пет Мундијали, а во Катар во историјата се запишаа и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кој е единствен со гол на секое од петте СП, дури тројца се Мексиканци.

Пред Гвардадо, кој од 2006 година во Германија ги играше сите Мундијали во 2010, 2014, 2018 и овој во 2022 година, од Мексико со по пет настапи на Светските првенства се Антонио Кабрахал и Рафаел Маркез.