Роналдо ќе ја бојкотира и ФИФА: Модриќ ќе биде прогласен за најдобар на светот?

Утревечер во Лондон ќе се одржи доделувањето на наградата за најдобар играч во светот, а во потесната конкуренција се Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ, но денеска во светските медиуми се појави информација дека Португалецот нема да биде утре во Лондон, каде што треба да присуствува на гала-вечерата за доделување на наградата.

„Марка“ пишува дека дознала од свои извори од Торино дека Португалецот дефинитивно нема да се појави во Лондон, како што било првично планирано.

А, наводно причината е поради тоа што Јувентус одигра натпревар вечерва, а има нови обврски во Серија А во среда, па играчот треба да се посвети на тренинзите.

Сепак, Роналдо и претходно покажа револт и очигледно реши да бојкотира, а наградата за најдобар играч се шпекулира дека ќе ја добие Модриќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Got somewhere better to be, Cris? 👀

A post shared by Bleacher Report Football (@brfootball) on