Ромарио на 58 години му се врати на фудбалот за да заигра заедно со - син му!

Бразилската фудбалска легенда, повторно ќе заигра фудбал откако потпиша договор со тимот на Америка РЈ од втората дивизија на Кампеонато Кариока.

Ромарио тврди дека е во топ форма и договорот со бразилскиот клуб го потпишал за да заигра заедно со неговиот син.

„Ќе остварам уште еден сон, ќе играм заедно со мојот син“, вели Ромарио.

„Малку спортисти и фудбалери имале можност да играат заедно со нивниот син. Јас на 58 години уште сум во топ форма. Се надевам дека тој често ќе ми ја додава топката и ќе ме проигрува, па ќе можам да останам топ стрелец“.