Ристовски пред потпис со клуб од Турција?

Maкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски според последните информации кариерата би можел да ја продолжи во турскат Суперлига.

Спорред информациите на хрватскиот портал „Спортске Новости“ екипата на Кочалиеспор покажала интерес за доведување на Ристовски. Станува збор за нов турски прволигаш каде што би можеле да завршат и Бруно Петковиќ и Маро Пјаца.

Ристовски веќе го потврди своето заминуваање од Динамо со кој од неговото доаѓање во 2021 година освои осум трофеи. Во дресот на Динамо одигра 185 натпревари во кои постигна седум гола и подели 21 асистенција.