Ришарлисон во солзи: По Мундијалот во Катар сакав да се откажам од спортот (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Ришарлисон има добра сезона за Тотнем, но се соочувал со сериозни проблеми по Светското првенство (СП) во Катар откако неговата репрезентација испадна рано во плејофот.

Ришарлисон кажа дека психолог му го спасил животот затоа што паднал во тешка депресија по Мундијалот во Катар.

„Нема да зборувам за самоубиство, но бев во депресија и сакав да се откажам. Откако се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, сакав да си одам дома и да не излегувам од соба. Му кажав на татко ми дека сакав да се откажам од фудбалот. Мислам дека психологот ми го спаси животот. Ги советувам на сите кои имаат проблеми да побараат помош“, кажа Ришарлисон.