Рафиња искрено за Нико Вилијамс: Подобро што не дојде!

Шпаскиот репрезентативец, Нико Вилијамс беше блиску до преселба во Барселона на почетокот на летото, но на крајот одлучи да остане во Атлетик Билбао, а сега на оваа тема зборуваше Рафиња.

Фудбалерот на каталонскиот гигант немаше пофалби за Вилијамс кој многу се поврзуваше со Барселона и минатото лето. Во овој преоден рок веќе биле закажани и медицинските прегледи, меѓутоа на крајот се случил пресрт.

„Бев мирен во текот на целата ситуација. Фудбалерите кои сакаат да дојдат во Барселона мораат да се борат за овој клуб. За мене е најважно во екипата да имаме играчи кои сакаат да се тука. Тие кои не сакаат да бидат тука, најдобро е воопшто да не доаѓаат. Добра работа е што имаме млади таленти кои сакаат да го носат дресот на Барселона. Па така мислам и дека е најдоброо што не дојде“, изјави Рафиња.

Фотo: Barcelona FC/X