Првиот човек на Сантос до Нејмар: Дојди и биди среќен повторно, твојот народ те чека!
Нејмар кариерата ја започна во 2009 година во Сантос, а Марселон до него сега испрати преку социјалните мрежи.
Дојде време, Нејмар. Дојде време да се вратиш на својот народ, во својот дом. Добредојде назад. Дојди и биди среќен. Народот во Сантос те чека со раширени раце“, изјави претседателот на Сантос.
Ќе потсетиме, Ал Хилал во текот на вчерашниот ден соопшти дека спогодбено го раскинува договорот со бразилскиот напаѓач. Иако веќе нема дилеми дека Нејмар ќе се приклучи на Сантос засега не се откриваат детали околу договорот помеѓу двете страни.