Фаулите го уништија Јокиќ, трет пораз по ред за Денвер (ВИДЕО)
Никс славеа со 122-112 за петти триумф во низа, а во исто време на својот ривал му го нанесоа третиот пораз по ред. Јокиќ одигра еден од своите најлоши натпревари последните години, постигнувајќи 17 поени, 6 скока и 6 асистенции.
Проблемите за српскиот центар се појавија во почетната фаза од натпреварот. По само 81 секунда игра, тој веќе имаше две лични грешки, двете над Онуноби и Мајк Мелоун беше принуден да го извади од игра. Сепак, тренерот на Денвер малку претера бидејќи на клупа го остави 15 минути, па во првото полувреме Јокиќ беше во игра само девет минути. Интересно е тоа што Никс и покрај отсуството на најдобриот противнички играч, не успеа да направи висока предност и таа изнесуваше само шест поени (60-54). Сепак, очигледно беше дека неиграњето на Јокиќ го уништи ритамот и кај него и кај цела гостинска екипа, па во продолжение Денвер никако не успеа да го загрози водството на Њујорк.
Слабата партија на Јокиќ некако ја покри Мареј кој постигна 33 поени, но и покрај тоа Денвер не успеа да ја прекине серијата порази. Брансон го предводеше Њујорк со 30 поени и 15 скока, а Онуноби додаде 23 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Бруклин 83-104
Индијана - Детроит 133-119
Вашингтон - Торонто 82-106
Бостон - Чикаго 122-100
Мајами - Кливленд 106-126
Њујорк - Денвер 122-112
Филаделфија - Сакраменто 117-104
Њу Орлеанс - Далас 136-137
Сан Антонио - ЛА Клиперс 116-128
Феникс - Минесота 113-121
Голден Стејт - Оклахома 116-109