Ц. Звезда со насмевка испадна од ЛШ – заработи енормно многу милиони евра!
Црвено-белите завршија како 29-ти од 38-те учесници во елитното натпреварување на УЕФА, оставајќи зад себе реномирани клубови како Лајпциг и Салцбург од групацијата Ред Бул, австрискиот Штурм, чешката Спарта, шпанската Жирона, словачкиот Слован и швајцарскиот Јанг Бојс. Оваа заработка е најголема во историјата на клубот од учеството во европските натпреварувања. За споредба, минатата сезона клубот инкасираше 26 милиони евра, а во 2018 година, кога првпат играше во групната фаза, заработката изнесуваше 18 милиони евра. Освен директните приходи од УЕФА, клубот ја зголеми вредноста на своите играчи, оствари значителен профит од продажба на билети и дополнителни приходи преку маркетинг-активности.
Што се однесува до останатите клубови, најголема заработка во групната фаза оствари Ливерпул со 99 милиони евра, а зад него Интер (90 милиони), Арсенал (89,5 милиони) и Барселона (89,4 милиони). Да не беше шокантната елиминација за која шансите пред почетокот на сезоната беа помали од еден отсто (види ТУКА) насмевка денеска ќе имаше и на лицата на челниците на Динамо Загреб, кој инкасира 40 милиони евра од настапот во ЛШ.