Првакот на Океанија се откажа од настап на клупскиот Мундијал поради ковид-рестрикции!

Шампионот на Океанија, Оукленд сити од Нов Зеланд нема да учествува на претстојното Светско клупско првенство во Катар закажано од 1 до 11 февруари годинава, поради карантинот и ковид-рестрикциите во својата земја.

Оукленд се откажа од настап и покрај преговорите со државните власти за да се ослободат од рестриктивните мерки, но властите не покажале разбирање, па со тоа Новозеланѓаните решија да си останат дома и воопшто да не патуваат во Доха.

„И покрај постојаната комуникација на ФИФА со клубот, федерацијата на Нов Зеланд и континенталната федерација на Океанија, барањата на властите во Нов Зеланд за исолација и карантин одат над нашите ингеренции и поради тоа не можеше да се најде решение“, објави ФИФА.

Оукленд требаше да се сретне со домашниот Ал Духал во четвртфиналето на СП за клубови, ама сега катарскиот клуб добива службен влез во следната рунда. На Сп за клубови покрај Ал Духал ќе играат и Ал Ахли (Африка), Баерн Минхен (Европа), Улсан Хјундаи (Азија), Тигрес (КОНМЕБОЛ) и победникот од финалето во Купот Либертадорес (Јужна Америка), Палмеирас или Сантос, кои на 30 јануари ќе се борат за престижниот трофеј.