
Пресврт во истрагата за смртта на Марадона - сведокот стана осомничен!
Поминаа четири години од смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а во овие моменти во тек е судењето на медицинскиот тим поради наводни пропусти во неговиот третман.
Главниот обвинител Патрисио Ферари го означи неговото лекување како „непромислено и млако“. Додаде и дека Марадона не смеел да се враќа дома по опасниот третман и операцијата на мозокот.
По шесте здравствени работници на кои им се суди некое време сега е уапсен и поранешниот телохранител на Аргентинецотк ој со години работеше со Марадона и бил до него во моментите на смртта.
Кориа првенството беше сведок, но главниот обвинител открил контрадикторсност во изјавите.
Кориа лажел дека не разговарал со докторот пред смртта на Марадона и навел дека не го познава, но на „Ватсап“ била откриена нивна комуникација.
Исто така двајцата заедно правеле скара, договарале дружења и разговарале за здравјето на Марадона. Исто така се наведува и дека имал уште неколку лажни изјави, но тие не се откриваат.
Diego Maradona's ex-bodyguard is arrested on suspicion of perjury during the icon's death trial 😳🚨 pic.twitter.com/mBx8rka77n
— Mail Sport (@MailSport) March 26, 2025