
Не е се во парите: Барела одбил понуда каква што не добил ниту еден друг Италијанец!
Понудата ја испратила екипата на Ал-Хилал кој не сакала да штеди за да го доведе во своите редови.
Информациите од Италија говорат дека самиот Барела бил пријатно изненаден од понудата, но сепак истата ја одбил со објаснување дека сака да продолжи да игра во Европа.
Инаку, со плата од 35 милиони евра Барела би станал убедливо најплатениот италијански фудбалер во историјата. Рекордот во овој момент го држи напаѓачот Грацијано Пеле кој во кинескиот Шандонг Луненг заработуваше 16 милиони евра годишно.
Барела е исклучително важен и за Интер каде што под водство на Симоне Инзаги сезонава одигра 35 натпревари, постигна три гола и подели осум асистенции.