
Премиер лигата започна со спектакл, а денеска ја видовме и првата „нула“ (ВИДЕО)
Њукасл беше подобриот тим на теренот и создаде повеќе прилики, меѓутоа избраниците на Еди Хау не успеаа да го најдат патот до мрежата. Прв се закани Еланга кој шутираше од одлична позиција уште во шестата минута, но чуварот на мрежата на домаќините го одбрани неговиот удар.
Тоа беше и една од најголемите прилики на гостите во комплетниот натпревар. Астон вила на моменти знаеше да се закани, сепак во поголем дел се играше на нивната половина. Не успеа Њукасл да го искористи и тоа што имаше фудбалер повеќе по исклучувањето на Конса во 66 минута. Фудбалерот на домаќините беше испратен во соблекувалната откако го фаулираше Гордон кој имше прилика да излезе „еден на еден“ со Бизот.
Како што е познато, Алекснадар Иска беше надвор од составот на Њукасл поради неговото инсистирање да го напушти клубот во овој преоден рок.
Фото: Aston Villa FC/X