
Валенсија можеби ќе се ослободи од Димитриевски, но - сака друг Македонец!
Се работи за Бојан Миовски. Шпанските медиуми пишуваат дека македонскиот напаѓач е во бележникот на Валенсија.
Но, не се големи шансите за реализација на овој трансфер бидејќи Миовски е трета опција, пред него на списокот на Валенсија се Умар Садик и Кајл Ларин.
Преговорите за Умар Садик со Реал Сосиедад не се одвиваат добро, па можно е Валенсија да се насочи кон следните опции.
Втората е Кајл Ларин од Мајорка, па потоа е Бојан Миовски кој од финансиска гледна точка е најповлна опција, но македонскиот напаѓач не покажа многу во Ла Лига досега.
Миовски беше стартер за Жирона на вчерашниот натпревар, но се очекува да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Што се однесува до Димитриевски, последните информации се дека Елче и Селта се најсериозните кандидати за неговиот потпис.