
Синовите на Бјелица и Миличиќ ја однесоа Србија до европската круна
Во финалето од шампионатот што се одржува во Тбилиси, Србите ја прегазија Литванија со 99-86, благодарение на големиот пресврт во второто полувреме. По првите 20 минути, Литванците водеа со 53-43, но во продолжение „орлите“ ја стегнаа одбраната, примија само 33 поени во второто полувреме и донесоа голема радост во својата земја.
Последен пат Србија беше европски шампион во 2007 година, на првенството што се одржа на Крит. Тогаш во финалето ја совлада Шпанија со 56-55.
На денешниот меч против Литванија, најефикасен беше Петар Бјелица (син на Немања Бјелица) со 25 поени, Симјановски додаде 22, а Кустурица 18. Во репрезентацијата е и синот на Дарко Миличиќ, Лазар кој игра со истиот број на неговиот татко (31). Бронзениот медал го освои Словенија која ја совлада Италија со 73-71.