Унгарија ни ја урна и теоретската шанса за место во квалификациите за СП!

Унгарија со убедливи 86-66 ја прегази Романија и со тоа ги згасна и теоретските шанси на Македонија за место во квалификациите за Светското првенство.

Кошаркарската репрезентација на Македонија и дефинитивно претквалификациите за СП ќе ги заврши на последното место откако Унгарците денеска славеа над Романија.

Мечот меѓу Македонија и Унгарија во среда ќе биде само од ревијален карактер и само уште една можност за стекнување на искуство на младите момци на Илиевски.

Ова значи дека Македонија ќе почне од првата фаза на претквалификации за пласман на Европското првенство во 2029 година заедно се селекции како Албанија, Ирска, Азербејџан, Ерменија...

Романците денеска одлично се држеа во првото полувреме кое го загубија само со два пени разлика, на одморот беше 40-38 за Унгарија.

Но, победникот беше решен во третиот период кој беше неверојатен, тие десет минути Унгарија ги доби со 26-5 и ги реши сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат гласеше 86-66.