
Баерн со трофеј ја почна новата сезона (ВИДЕО)
Во мечот со кој традиционално почнува новата натпреварувачка кампања, баварскиот гигант славеше со 2-1 против Штутгарт за свој 11. триумф во ова натпреварување. Дуелот се одигра на теренот на Штутгарт, но и покрај тоа Баерн беше подобар и заслужено победи.
Драматичност имаше само во финишот од натпреварот бидејќи до крајот на основниот дел, Баерн имаше убедливо водство од два гола. Хари Кејн го отвори резултатот, а Луис Дијаз погоди на своето деби за удвојување на предноста. Левелинг во третата минута од судиското продолжение го постигна почесниот гол за Штутгарт, но овој тим не успеа да се избори за пенали.